МНР-Семејствата може да ги подигнат телата на убиените терористи

Оштетени куќи во Дива населба во Куманово после полициската акција против вооружена група.

Од МНР соопштија дека испратиле информација до Амбасадата на Косово во Скопје дека е завршена обдукцијата на телата и идентификацијата на девет лица кои загинаа во полициската акција во Куманово. Косовската амбасада треба да ги информира семејствата на загинатите дека можат да дојдат во Скопје да ги подигнат нивните тела.

Јавното обвинителство на 17 мај соопшти дека загинале 10 припадници на терористичката група. При увидот на местото на настанот, како што наведе Обвинителството, пронајдени се десет трупа, за кои по извршената обдукција се утврдило дека припаѓаат на групата. Министерството за внатрешни работи првично информираше дека биле убиени 14 терористи.