Путин на избори во Италија

Аделина Путин, италијански диск џокеј се обидува да го искористи нејзиното презиме за да влезе во политиката. Таа е кандидат на регионалните озбори како членка на десничарската партија „Италијански браќа“. Нејзиниот изборен слоган е „Ако сакате да гласате за Путин, сега можете“. Аделина вели дека имала роднински врски со рускиот претседател Владимир Путин, но италијанските медиуми ги отфрлаат ваквите нејзини наводи.