САД објавија документи поврзани со Осама бин Ладен

Осама бин Ладен

Американската разузнавачка служба објави документи, кои како што наведуваат, биле пронајдени за време на акцијата во 2011 година во Пакистан кога беше убиен лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Според соопштението на директорот на службата, на документите претходно била извршена сериозна ревизија и нивното објавување е во согласност со повикот на претседателот за поголема транспарентност.

Во документите е наведено дека Ладен заедно со неговите поддржувачи се залагал да бидат фокусирани на напади врз САД наместо да бидат вовлечени во муслиманските непријателства.