Франција домаќин на самит за Ирак и Сирија

Портпаролот на Владата на Франција, Стефан Ле Фол.

Франција соопшти дека ќе биде домаќин на меѓународната средба за конфликтот во Ирак и Сирија на 2 јуни. Портпаролот на Владата, Стефан Ле Фол ја соопшти веста, која доаѓа во време кога милитантите на ИД држава ја преземаа контролата на околу третина од територијата на античкиот град Палмира. Минатиот самит од таков вид беше одржан во Париз во септември минатата година на која учествуваа претставници од 30 земји и меѓународни организации.