Рама-Охридскиот договор гаранција за влез на Македонија во НАТО

Албанскиот премиер Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека неговата земја ќе го поддржи влегувањето на Македонија во НАТО, но најважната работа, според него е гаранција за спроведување на Охридскиот договор. Тој во обраќањето на регионалниот самит против тероризмот во Тирана рече и дека ги поддржува напорите на сите земји од Балканот, вклучително и на Косово, за влегување во НАТО, но за Македонија тоа е условено.

Според него, случувањата во Куманово, се неприфатлива трагедија и ризично е кога се мешаат поимите. Поимот „тероризам“ и поимот „Албанци“ во Македонија се сплотиле, како што наведува тој и тоа е неприфатливо во време кога Албанците се важен државотворен фактор за земјата.