Ахмети-Не се јасни мотивите и целите за нападот во Куманово

Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека некои борци на ОНА бил дел од вооружената група во Куманово и дека нивните мотиви и цели не му се јасни и оти нема причина за нова војна. Тој во интервју за австрискиот весник нагласува дека ОНА беше демобилизирана во 2001 година и лицата кои сега се повикуваат на неа тоа го прават како поединци.

Ахмети нагласува и дека не сака да учествува во теориите на заговор што се шират низ медиумите. Тој ја отфрла теоријата на Русија дека настаните во Македонија се провоцирани од НАТО, ЕУ и Вашингтон. Според него постои можност Русија да се обидува да го зголеми влијанието во Македонија, но тоа, како што наведува тој нема да и успее. Ахмети смета и дека нема потреба за ревизија на Охридскиот договор или за креирање нов за да се регулира соживотот меѓу Албанците и Македонците во земјата.