Северна Кореа ја откажа посетата на Бан Ки Мун

Бан Ки Мун

Северна Кореа неочекувано ја повлече поканата до генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун да ја посети таа земја. Тој во Сеул изјави дека изутрината по дипломатски канали добил информација дека Пјонгјанг ја повлекува поканата тој утре да го посети индустрискиот комплекс Каесонг. „Не е дадено никакво објаснување за ваквата ненадејна промена“, изјави Бан Ки Мун, изразувајќи длабоко разочарување.