Во Тирана конференција посветена на безбедноста

Тирана

Западниот Балкан стана извор на странски терористи во Ирак и во Сирија, дел и поради војните во поранешна Југославија. Ова го изјави американскиот државен потсекретар за цивилна безбедност, демократија и човекови права Сара Сивол на дводневната конференција во Тирана. Таа апелира до земјите од регионот да воспостават соработка за спречување на регрутирање на исламистички борци и да донесат национални стратегии за борба против таквиот проблем. Сивол посочи дека во последните три години стотина борци од Албанија и од Западен Балкан соочени со економски проблеми и невработеноста им се придружија на бунтовниците во Сирија и во Ирак.