Меркел бара забрзување на економските реформи во Грција

Германскиот канцелар Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска изјави дека сака да разговара со нејзиниот грчки колега Алексис Ципрас на маргините на средбата на Источното партнерство во Рига. Меркел во зависност од тоа дали ќе се остварат можностите за разговор планира да го повика Ципрас да го забрза процесот на постигнување спогодба за економските реформи што се бараат од Атина. Според неа, преговорите со Грција за нови транши од кредитот „треба повеќе да се забрзаат отколку да се забават“.