Владата бара измени во Украина за исплата на долгови

Generic - Euro, dollar, euros, dollars, exchange rate, money, banknotes, crisis, recession, undated

Украинската влада соопшти дека побарала од Парламентот да го одобри законот со кој им се гарантира правото доколку е потребно да ја запрат исплатата на долговите во странство. Според соопштението, во случај на напад од страна на бескрупулозните кредитори на Украина законот ќе го штити државниот имот и јавниот сектор.

Соопштението доаѓа додека Киев се обидува да постигне договор со кредиторите до наредниот месец со што ќе се заштедат 15,3 милијарди долари во наредните четири години.