Столенберг на средба со Лавров во Брисел

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столенберг денеска во Брисел ќе оствари средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Се очекува во фокусот на разговорите да бидат односите на НАТО и Русија, како и важноста од целосна имплементација на примирјето постигнато во Минск, Белорусија за ставање крај на борбите во источна Украина. Руски извори потврдија дека Лавров планира да се сретне со Столенберг.