Нуланд: Примирјето во Украина се крши секојдневно

Викторија Нуланд, Москва, 18.05.2015

Американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд, по разговорите со руски официјални претставници во Москва, изјави дека договорот за примирје во источна Украина се прекршува секојдневно. Таа побара на посматрачите на ОБСЕ да им биде дозволен пристап во конфликтната зона за да ја утврдат фактичката состојба.

Според Кремљ, посетата на Нуланд е знак дека американско – руските односи се подобруваат.