Заев: нема исчекор, нова лидерска средба на 26 мај

Нова лидерска средба ќе биде одржана на 26 мај, а на денешната не е направен никаков исчекор, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата со претседателите на ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и ДПА Никола Груевски, Али Ахмети и Мендух Тачи. Тој потврди дека утре во Стразбур ќе се сретне со Груевски.

Инаку, на денешниот состанок, според извори на СДСМ, претседателот на ДУИ Али Ахмети предложил формирање работни групи кои би ги разгледувале барањата на опозицијата, велат од СДСМ. Од оваа партија истакнуваат дека не го прифаќаат овој предлог, зад кој наводно стоеле и ВМРО ДПМНЕ и ДПА. Засега нема услови за почеток на дијалог. Ние бараме оставка од целата влада и формирање предона влада, велат во СДСМ.

Амбасадорот на САД, Џес Бејли и претставникот на ЕУ во земјава, Аиво Орав и денеска беа присутни како набљудувачи на средбата.