Столтенберг: Најважно е да нема насилства во Македонија

Јенс Столтенберг, Брисел, 18.05.2015

Најважно е да се избегнат насилства во Македонија, изјави денеска во Брисел, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи и за одбрана на Европската Унија, Столтенберг истакна дека мирни демонстрации се дел од демократско општество. „Важно е да се избегнат нови насилства, да бидеме сигурни дека демократските институции се развиени, а владеењето на правото е целосно имплементирано и дека ќе избегнеме ескалација на кризата и на конфликтот во Македонија, рече Столтенберг.