Двајца руски специјалци заробени во Украина

Украинската армија соопшти дека заробила руски војници кои се бореле на страната на проруските бунтовници во источна Украина. Портпаролот на украинскиот генералштаб Владислав Селезњев, изјави дека двајцата заробени руски војници ќе бидат префрлени во Киев. Беше објавено и видео, на кое, еден од заробените војници признава дека е припадник на руските елитни специјални сили.

Русија ги отфрла наводите дека испраќа сили да им помагаат на бунтовниците, но признава дека извесен број руски граѓани се борат заедно со сепаратистите во регионите на Луганск и Доњецк.