Викторија Нуланд во Москва

Викторија Нуланд

Американскиот помошник државен секретар за Европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд е во Москва на разговори со високи руски владини претставници за натамошните чекори во спроведувањето на договорот од Минск за Украина. Претходно таа престојуваше во Киев, а до нејзината посета на Москва доаѓа по разговорите на американскиот државен секретар Џон Кери во Сочи со рускиот претседател Владимир Путин и со шефот на дипломатијата Сергеј Лавров.