Протестен камп пред Владата

Дел од учесниците во вчерашниот масовен антивладин протест во Скопје изминатата ноќ ја минаа пред зградата на владата. По завршувањето на обраќањата на поголем број активисти, граѓани, интелектуалци, аналитичари, политичари пред владата беа поставени шатори, а наместо големата бина беше поставена помала сцена. Претседателот на СДСМ Зоран Заев најави дека протесниот камп ќе трае се додека премиерот Никола Груевски не си поднесе оставка.