Времето денеска: нестабилно и врнежливо

Во Македонија претпладне ќе биде нестабилно со локален краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер особено во северните и западните делови. Во доцните попладневни часови се очекува преодно стабилизирање на времето. Утринската температура ќе се движи девет до 15, а дневната од 27 до 32 степена. Во Скопје времето претпладне ќе биде нестабилно со локален краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Во попладневните часови постепено се очекува стабилизирање на времето. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 30 степени.