Протестот пред влада продолжува, се подготвува кампирање

По говорот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заврши делот со обраќањата на антивладниот протест. Потоа од комбиња активисти вадат шатори, душеци, ќебиња за останатиот дел од протестот, кампувањето пред влада. Планирано е повеќе од 4 илјади да останат да спијат пред Влада и во континуитет да го продолжат протестот, како што велат, се до падот на оваа влада.

Од 19 и 30 е најавена музичка програма и останати забавни активности за сите они што ќе останат да спијат пред Влада. Сите што останале во моментот ги чистат отпадоците на површината каде што се протестираше.