Заев: оди си Груевски

„Ништо повеќе не може да стори Груевски освен да ја напушти зградата пред нас“, порача лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев. говорејќи на антивладиниот собир во Скопје, додавајќи: „Со волја или не на Груевски тој мора да замине“. Само на таков начин рече Заев, тој може да и помогне на Македонија. „Дојдовме и не заминуваме додека не ги вратиме мирот, спокојот и достоинството на граѓаните на Македонија. „Очекувам од меѓународната заедница оваа порака на мултиетнички обединета, желна за слобода и демократија Македонија да помогне со директно учество за мирна разврска на политичката криза“. „Македонија ќе биде заедничка држава за сите граѓани кои живеат без оглед на различноста. 24 години Македонија беше една држава, две општества. Македонија ќе биде една држава и едно општество. Уште од детските градинки и училиште ќе ја градиме мултикултурата. Македонија ќе биде пример на социјална држава за сите. На собирот претходно зборуваа многу претставници на невладини организации, на граѓански здруженија, како и европратеници.