ОМД: Политичките лидери и активисти да се заложат за мирни протести

Обединетата македонска дијаспора, ОМД ги повикува сите македонски лидери и активисти да се заложат за одржување мирни и ненасилни протести и да дадат приоритет и волја за добар дијалог со цел постигнување обединетост и напреден пат за Македонија. ОМД смета дека избраните македонски лидери мора да дадат отчет за своите активности и да бидат целосно транспарентни во извршувањето на нивните должности. ОМД недвосмислено верува дека владеењето на правото е апсолутен стандард, кој треба да се потврди со цел постоење на здраво и просперитетно демократско општество кое ќе напредува. ОМД ја нагласува и потребата Македонија да биде целосно интегрирана во евро атлантските институции, како полноправна членка на НАТО и на Европската унија. Според Обединетата македонска дијаспора, македонските граѓани се носители на крајната одлука и тие мора да ја ставаат иднината на Македонија на прво место со цел да се соберат плодовите на едно праведно и демократско општество на 21-от век.