Почна протестот пред Владата

Пред зградата на Владата во Скопје се собраа десетици илјади граѓани на протест против актуелната влада. Може да се видат македонски, албански, турски знамиња. На крстосницата во близина на зградата на Владата има поставена голема бина, а преку разглас се слушаа „бомбите“ кои досега ги објавуваше СДСМ. Луѓето кои влегуваат во Скопје преку Тетово со автобуси и комбиња ги оставаат своите превозни средства на улиците Партизанска и Октомвриска револуција и потоа продолжуваат пеш, оти се блокирани улиците. Пред Владата може да се забележат репортажни возила на медиуми од регионот