На пат за протест кон Скопје

Архива

Над 3.000 битолчани тргнале на пат за Скопје да го поддржат протестен собир под мотото „ Граѓаните за Македонија, доаѓаме“.Во долгата колона од Битола се 19 автобуси, 14 минибуси и 300 автомобили со битолчани кои ќе го поддржат митингот во Скопје, јавува Агенција Мета.

Граѓаните кои изутринататргнале од Делчево да присуствуваат на митингот на опозицијата, јавуваат за порталот Фактор дека се соочуваат со силни притисоци, запирање на автобусите на секои двете километри и претрес на автомобилите.

Интернет страницата Охридњуз, јавува дека и голем број охриѓани со автобуси, комбиња но и приватни возила тргнаа кон Скопје за да учествуваат на протестен собир во Скопје.

Се јавува дека и од други градови на Македонија граѓани масовно тргнале кон Скопје.