Нормализиран сообраќајот во центарот на Куманово

Сообраќајот на улицата „11 Октомври“ во центарот на Куманово е целосно нормализиран.

Полициските автомобили кои беа поставени на почетокот на улицата од крстосницата со „Доне Божинов“ и „Гоце Делчев“ од едната страна и во близина на џамијата од другата страна ги нема, така што сообраќајот се одвива без застои.

Граѓаните минуваат со автомобили, а непречено се одвива и превозот на патници со автобуси. На овие улици се сместени државни институции и установи, судот, СВР Куманово, Општината, подружницата на Македонска пошта, како и неколку подружници на државни институции.