Напаѓачот од маратонот во Бостон осуден на смрт

Американска порота го осуди на смрт обвинетиот напаѓач на бостонскиот маратон Џохар Царнаев. Одлуката е донесена вчера по 14 часа разгледување. Кога пресудата беше прочитана, 21- годишниот Царнаев ја наведнал главата не покажувајќи емоции, додека жртвите и членовите на нивните семејства плачеле.

Три лица загинаа, а повеќе од 260 беа повредени кога две бомби експлодираа на целта на маратонот во Бостон, на 15 април 2013 година.