Лавров ги пофали односите со Србија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров ги пофали односите на неговата земја со сојузникот Србија за време на вчерашната посета на Белград. По разговорите со српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, Лавров ја поздрави изјавата од својот колега дека Белград не би ги жртвувал односите со Москва на патот кон членство во Европската унија. Лавров рече дека Русија е загрижена поради наводни изјави на албанските лидери за создавање на една голема држава но и од неодамнешните немири во северниот дел на Македонија, каде што 22 луѓе неодамна беа убиени, вклучувајќи и осум полицајци и 14 етнички Албанци. На состанокот со српскиот претседател Томислав Николиќ, Лавров рече дека Русија ќе ги поддржи напорите да се "спречи нова промена на границите и заживување на екстремистичките и терористички манифестации на Балканот." Рускиот министер за надворешни работи, исто така, се состана со српскиот премиер Александар Вучиќ. Во интервју за српски весник, Лавров, им се заблагодари на Србите, за присуството на прославата на 9 ти мај во Москва за одбележување на 70-годишнината од победата на фашизмот. Западните лидери не присуствуваа на парадата поради руските акции во Украина.