Демонстрантите се упатија кон Собрание

Неколку стотици демонстранти кои протестираат против владата се упатија кон Собранието на Македонија. Водачите на колоната демонстранти носат голем транспарент во рацете со пораката „Збогум Никола“. И денекса, како и изминатите денови на демонстрантите им беше забранет пристап до Владата. Луѓето кои протестираат бараат оставки и одговорност од целата влада, да се пуштат притворените од 5 Мај и да се формира влада за демократизација на институциите.