Лавров загрижен за последните настани во Македонија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по денешните разговори во Белград со шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека бил крајно загрижен за последните настани во Македонија и оти ситуацијата на Косово не била охрабрувачка. „ Ние исто така сме многу загрижени за изјавите од албанските лидери со кои ги декларираат нивните инспирации да креираат албанска држава врз основа на концептот Голема Албанија. Таа политика е во спротивност со основните принципи на ОБСЕ“, изјави Лавров, додавајќи: „Не можам со сигурност да судам, но објективно се покажува дека најновите настани во Македонија дојдоа по одбивањето на македонската влада да и се приклучи на политиката на санкции против Русија и активната поддршка на Скопје кон плановите за изградба на Турскиот тек, што е во спротивност со повеќето во Брисел“. Лавров за настаните во Македонија изјави дека биле манифестација на добро организиран акт на тероризам. „Затоа ние сме многу загрижени за она што се случува на Косово и во некои делови на Босна. Познато е дека таканаречената Исламска држава е веќе активна во регионот“, изјави Лавров во Белград.