Обама вети поддршка на земјите од Персискиот залив

Американскиот претседател Барак Обама вети поддршка на сојузничките земји од Персискиот залив. По средбата со лидерите на шесте арапски земји членки на Советот за соработка во Персискиот залив во Кемп Дејвид Обама изјави дека Соедините држави ќе ги бранат од надворешни напади и ќе им помагаат во врска со, како што рече, „дестабилизирачките акции“ на Иран во регионот. До самитот дојде во моменти кога вчера ирански патролни чамци стрелале врз товарен брод во Персискиот залив. Тоа беше втор таков инцидент во изминатиов месец.