Демонстрантите не се откажуваат од барањата

Демонстрантите и денеска не можат да пристапат до владата бидејќи полициски кордон повторно им го блокира пристапот до зградата. Засега на протестите има околу стотина луѓе. Тие уште еднаш на премиерот му порачаа „Збогум Никола“, а носат и транспаренти испишани со „Македонија се сака со оставки“ и „Готови сте одете си“.

Демонстрантите имаат три барања: итна оставка и преземање одговорност на целата Влада, итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму и формирање на Влада за демократизација на институциите. Демонстрантите потоа повторно како и вчера ќе се упатат кон Основниот суд 1, а протестот ќе заврши пред Собранието.