Започна лидерската средба

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Започна средбата на лидерите на четирите најголеми партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА во Клубот на пратениците во Скопје. На средбата, како набљудувачи, присуствуваат амбасадорот на САД Џес Бејли и шефот на мисијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Премиерот Груевски е придржуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски, Зоран Заев од Рената Дескоска Треневска, Али Ахмети од Артан Груби, а Мендух Тачи од Беким Фазлиу.