Одложено судењето на Верушевски

Судењето на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски денеска беше одложено поради отсуство на неговите двајца адвокати. Верушевски е обвинет за недозволено поседување на оружје. Следното рочиште судот го закажа за на четврти јуни.

Верушевски е и прво осомничен во случајот Пуч заедно со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи.