ЕБОР-Македонската економија со раст од 3,5 проценти

Европската банка за обнова и развој предвидува дека македонската економија годинава ќе има раст од 3,5 отсто, а во следната 3,7 проценти. Македонската економија, како што наведено во извештајот на ЕБОР за регионалните економски перспективи продолжува да расте со најбрза стапка во регионот.

Тие очекуваат БДП годинава да се зголеми за 3,5 проценти, а дополнителни 3,7 проценти во 2016 година. Според ЕБОР, ризиците од намален раст главно произлегуваат од внатрешните политички несогласувања.