Балтичките земји ќе бараат постојано присуство на НАТО

Литванската војска соопшти дека балтичките земји ќе бараат постојано присуство на силите на НАТО на нивна територија за да се спречи зголемување на руската воена и поморска активност. Литванија, Летонија и Естонија стравуваат дека може Русија врз нив да врши притисок. Сите три балтички земји имаат големо руско малцинство и беа дел од Советскиот сојуз.