ОН-14 жртви во напад на хотел во Авганистан

Авганистански безбедносни лица пред хотелот Кабул парк палас во Авганистан.

ОН соопштија дека бројката на загинати во синоќешниот напад на талибанците на популарен хотел во главниот град на Авганистан се зголемила на 14 луѓе. Останатите 54 гости на хотелот Кабул парк палас биле спасени по завршувањето на неколку часовната опсада. Меѓу нив имало 45 странци. Мисијата на ОН во Авганистан соопшти дека нападот се случил додека имало културен настан во хотелот. Според властите, меѓу загинатите се пет Авганистанци, девет странци, меѓу кои седум мажи и две жени.