ЕУ и НАТО со поголема соработка против заканите

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини

НАТО и ЕУ соопштија дека сакаат да ја зајакнат меѓусебната соработка со цел да се соочат со новите закани кои произлегуваат од поагресивната политика на Русија и насилството на југот на границите на алијансата. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини на министерскиот состанок на алијансата во Турција изјави дека двете организации се со поинаква природа, но се соочуваат со слични предизвици. Таа порача дека НАТО и ЕУ ќе разговараат за тензиите со Русија заради Украина и кризата на југот каде се поголем број на мигранти патуваат преку северна Африка до европските земји.