Попоски се сретнал со Коѕиас и Митов во Турција

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски на маргините на состанокот на НАТО во Турција остварил средби со неговите колеги од Грција и Бругарија со кои разговарал за условувањата кои ги имаат поставено кон Македонија и кои се предусловите за одблокирање на процесот на пристапување кон ЕУ и НАТО. Како што соопшти МНР, на средбата со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас станало збор за предложените мерки за градење доверба од една страна, како и за наметнатиот спор за именувањето на Македонија, кој опстојува како пречка за членство во НАТО и ЕУ.

Со министерот за надворешни работи на Бугарија Даниел Митов, како што се наведува во соопштението, станало збор за безбедносните закани и потребата од отворена соработка меѓу сите земји во регионот, како и за условувањата со меѓудржавен договор кој од бугарска страна е истакнат како предуслов за поддршка на патот кон НАТО и ЕУ.