Обама на разговори со саудиски принцови

Американскиот претседател Барак Обама разговарал во Белата куќа со лидерите на Саудиска Арабија за напорите на Соединетите држави за постигнување нуклеарен договор со Иран. „Соединетите држави и Саудиска Арабија имаат извонредно пријателство кое датира од Френклин Рузвелт“, изјави Обама, додавајќи дека тие сега се соочуваат со многу предизвици поради тензиите со растечкото иранско влијание во регионот. На состанокот станало збор и за изнаоѓање начини за трајно мировно решение во Јемен каде коалицијата предводена од Саудиска Арабија бомбардира позиции на Хути бунтовниците кои се поддржани од Иран.