Протестите продолжија пред судот во Скопје

Неколку илјади демонстранти се упатија кон зградата на Основниот суд 1 во Скопје, барајќи ослободување на студентите кои беа приведени по протестот од минатиот вторник.

Претходно неколку стотици граѓани беа собрани пред зградата на Владата на Република Македонија, барајќи оставки од целата влада. Тие носат транспаренти на кои пишува „Протестирам за оставки на цела влада“, а имаат и голем транспарент со натпис „Збогум Никола“. Тие извикуваат „Оставки“, „Долу диктатура“, „Готово е готово“.

Инаку, претставници на движењето „Протестирам“ денеска се собраа пред собраниската зграда за време на седницата на која беа разгледувани оставките на министрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески и директорот на УБК Сашо Мијалков, при што најавија дека ги продолжуваатпротестите до заминувањето на владата.