ВМРО ДПМНЕ-Автомобилот е во сопственост на МВР

Од ВМРО - ДПМНЕ реагираат дека снимките од прислушувани разговори што денеска ги објави лидерот на СДСМ Зоран Заев се монтирани и сечени, немаат релевантност и не докажуваат ништо. Според партијата, снимките не докажуваат ништо криминално. Партијата ги отфрла обвинувањата дека премиерот купил луксузен автомобил. ВМРО ДПМНЕ тврди дека возилото е во сопственост на Министерството за внатрешни работи и се користи за обслужување на високи странски гости, делегации и политичари.