Столтенберг: Воено-цивилна мисија на НАТО и Авганистан

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави денеска дека алијансата и авганистанските лидери се согласиле во иднина на заедничко воено-цивилно присуство во Авганистан кога ќе заврши мисијата на организацијата во земјата. Тој говореше за време на министерскиот состанок на земјите членки на НАТО во Анталија, Турција.

Според него, новата мисија која ќе има воена компонента најверојатно ќе биде предводена од цивил. НАТО во моментов ја води мисијата за обука на авганистанската војска откако меѓународните сили се повлекоа од земјата при крајот на минатата година.