Марш за поддршка на полицијата во Охрид

Стотина граѓани денес маршираа низ Охрид во знак на поддршка и почит на припадниците на македонската полиција. Маршот кој започна од градскиот плоштад се одвиваше мирно и продолжи кон булеварот Туристичка каде што една од учесничките во маршот на полицаецот кој го обезбедуваше сообраќајот му предаде македонско знаме и му изрази почит за загинатите припадници на полицијата во Куманово. Она што можеше да се забележи беше присуството на пратеници од ВМРО-ДППМНЕ од Охрид и од Струга, на градоначалникот Никола Бакрачески, кој го предводеше маршот, но и на други високи партиски членови на владејачката партија. Маршот се одвиваше под мотото Благодарам херои.