Ахмети дал предлози за излез од кризата

ДУИ е партнер на меѓународната заедница во напорите за решавање на сите предизвици кои тие ги идентификуваа им преенл лидерот на ДУИ, Али Ахмет на шестте амбасадори на денешната средба во ЕУ инфо центарот, се наведува во партиското соопштени. Во него се вели дека Ахмети изрази благодарност до меѓународната заедница за конкретната соработка во надминување на тешката состојба во Куманово. Се додава и дека Ахмети ги изразил ставовите на партијата во врска со политичката криза во земјата и предложил конкретни иницијативи за нејзино надминување со цел враќање во нормала и фокусирање на приоритетната агенда на мир, безбеност, евроатланската интеграција, добри меѓуетнички и соседски односи и економскиот развој.

Ахмети се сретна со амбасадорите на Италија, Германија, САД, Франција, Велика Британија и на ЕУ. Во соопштението се посочува дека Ахмети уште еднаш изрази сочувство за жртвите во Куманово и истакна дека настаните на 9 и 10 мај не се определба на албанскиот народи не ја одразуваат политичката волја на Албанците. Ахмети по двојачсовната средба со амбасадорите претходно ги избегна новинарите и не сакаше да одговори на прашањата поврзани со актуелните случувања.