Кери-Искрени разговори со Путин и Лавров

Американскиот државен секретар Џон Кери со рускиот претседател Владимир Путин

Американскиот државен секретар Џон Кери по средбата со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во Сочи напиша на твитер дека со двајцата имал искрени разговори за Украина, Сирија и Иран. Тој порачува дека е важно да се одржува отворена комуникацијата меѓу САД и Русија кога се соочуваат со глобални проблеми. Кери за прв пат беше во посета на Русија во последниве две години.