ЕУЛЕКС-Едно лице повредено во хеликоптерската несреќа

Од ЕУЛЕКС потврдија дека едно лице било повредено кога хеликоптер на мисијата во Косово се урна на аеродромот во Приштина. Според нив, до несреќата дошло кога хеликоптерот морал принудно да слета. Хеликоптерот превезувал еден доктор и болничар, при што едниот од нив бил повреден во несреќата. Хеликоптерот бил управуван од двајца пилоти, а на него немало припадници на мисијата на ЕУЛЕКС.