Се урна хеликоптер на ЕУЛЕКС во Косово

Едно лице е повредено кога хеликоптер на Мисијата на ЕУ во Косово се урнал на пистата на аеродромот во Приштина. Како што јави Танјуг, инцидентот се случил околу 15 часот додека хеликоптерот се наоѓал на тренажен лет. Причините за уривањето на леталото засега не се познати. Претставник на НАТО претходно соопшти дека неколку лица биле повредени. Приштинските медиуми јавија дека во хеликоптерот се превезувале 4 лица и дека по уривањето на хеликоптерот на ЕУЛЕКС аеродромот е затворен за сообраќај.