СДСМ најави натпартиски граѓански протест в недела

Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски

Во недела во Скопје ќе се одржи голем натпартиски граѓански протест против владеењето на Никола Груевски, како што најави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. Тој ги повика сите граѓани да се приклучат на мирен протест против мрачните сценарија и обиди за дестабилизација на Македонија. Целта на протестот, како што нагласи тој е сите да се обединат против насилството и криминалот на нелегитимната власт и да бидат здружени за враќање на европските вредности и мирот во Македонија.