Пуштени 11 полицајци на домашно лекување

Полициската акција во Куманово

Седум припадници на македонските безбедносни сили кои беа хоспитализирани на Хируршките клиники во Скопје се пуштени на домашно лекување. Здравствената состојба на 13 припадници кои се уште се на Хируршките клиники е стабилна.

Четворица припадници кои вчера и денеска беа хоспитализирани во Градската општа болница „8 Септември“, се пуштени на домашно лекување. Здравствената состојба на петмина припадници кои се уште се во таа јавна здравствена установа е стабилна.