Бројката на жртви во Непал се искачи на 41 лице

Властите на Непал соопштија дека најмалку 41 лице загинало, а 1000 биле повредени во земјотресот која ја погоди земјата во близина на границата со Кина, меѓу главниот град Катманду и Монт Еверест. Американскиот геолошки центар соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7,4 степени.. Индиските власти соопштија дека во земјата загинале четири лица. Додекакинеските медиуми јавија дека едно лице го загубило животот за време на земјотресот. Ова е втор земјотрес кој ја погоди земјата по оној на 25 април кога загинаа повеќе од 8150 лица, а беа повредени над 17 860.