Иванов-Заев не треба да изнесува информации

Обраќање на Претседателот Ѓорге Иванов по седницата на Советот за безбедност

Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов соопшти дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев бил повикан да присуствува на седницата на Советот за безбедност со цел да биде информиран за деталите и преземените дејствија во акцијата во Куманово, како и за безбедносната состојба на државата. Според соопштението, Иванов почитувајќи ја пресумпцијата на невиност, а водејќи се од државните интереси одлучил да го повика Заев и покрај тоа што е обвинет во случајот „Пуч“.

Од неговиот кабинет по изнесените информации од страна на Заев, реагираат дека тој согласно деловникот за работа на Советот за безбедност, потпишал изјава која го обврзува да не изнесува какви било информации од одржаната седница.